Вести Свет Топ вести

Воз со полна брзина удри во автомобил кај Хановер, три лица загинаа

Три лица загинаа кога воз удри во автомобил на железнички премин во близина на германскиот град Хановер, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на изјава на портпарол на полицијата.

Тројцата загинати биле во автомобилот во моментот на судирот. Возачот имал 22 години. Заедно со него во автомобилот имало и две млади жени чија возраст не е наведена.

„Автомобилот навлегол во преминот, иако рампата била спуштена“, изјави портпаролот на полицијата, појаснувајќи дека иако спуштена, рампата не ја опфаќала целата ширина на патот.

„Возот се движел со максимална брзина кога удрил во автомобил“, додаде портпаролот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе