Вести Свет Топ вести

Земјотрес на Малта со јачина од 5,3 степени по Рихтер

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала изутринава ја погоди Малта, соопшти Универзитетот во Малта. Земјотресот ги разбуди жителите во неколку градови, објави порталот „Тајмс оф Малта“. Нема информации дали има повредени во земјотресот.

Американскиот геолошки институт регистрираше дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени.

Земјотресот е почувствуван и на Сицилија и во Либија.

Неколку часа подоцна е регистриран уште еден потрес во близина на либискиот брег, со јачина од 4,7 степени.

Од почетокот на годината Малта е погодена од десетици земјотреси, но научниците велат дека повремените бранови на зголемена сеизмичка активност се нормална појава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе