Вести Свет Топ вести

Жестоки судири во Судан – пукано и врз дипломатски конвој на САД

Густ чад се крева денеска од повеќе населби во главниот град на Судан, Картум а во воздухот се слушаат рафални истрели од огнено оружје, во продолжението на крвавите судири меѓу Суданската армија и бунтовниците од силите за брза поддршка.

Повеќе од 185 луѓе се убиени во крвопролевањата а над 1800 ранети, според проценките на Обединетите нации/

Смртоносниот биланс веројатно е многу поголем, затоа што безживотните тела на убиените на улиците во Картум, особено во центарот на градот, никој не се обидува да ги отстрани заради интензивните судири.

Двете завојувани страни користат тенкови, артилерија и друг вид тешко вооружување во густо населените населби.

Во текот на минатата ноќ, борбени авиони гаѓаа и цели во стратешките владини згради – кои се сместени во станбените населби а најжестоките борби се водат околу главните бази на двете завојувани страни.

Шефот на американската дипломатија, Антони Блинкен, потврди и дека во жестоките престрелки во државата, оган од автоматско оружје бил отворен и кон конвој дипломатски возила на Соединетите држави.

Во инцидентот нема повредени дипломати, потврди Блинкен, додавајќи дека првичните проценки се дека за нападот се одговорни бунтовниците.

Борбата за превласт во Судан е меѓу двајца генерали, Абдел Фатах Бурхан, кој ги предводи армиските трупи и генералот Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, кој ги предводи парамилитарните сили за брзо распоредување.

Поранешните сојузници заеднички го спроведоа воениот удар во Октомври 21-та година, која ја презедоа власта.

 

Никола Илиевски

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе