Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Еквадор погоден од силен земјотрес, граѓаните во паника излегоа на улиците

Силен земјотрес ја потресе крајбрежната област на Еквадор, во кој според првичните информации најмалку четирилица загинаа а поголем број се заробени под урнатини. Спасувачките екипи веднаш излегоа на терен во потрага по нив.

Секретаријатот за управување со ризици потврди еден смртен случај во градот Куенка, 310 километри јужно од главниот град, откако цел спрат од куќа падна врз автомобил.

Три дополнителни жртви се регистрирани во градот Санта Роса, 380 километри југозападно од Кито.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала во крајбрежниот регион Гвајас. Епицентарот на земјотресот бил на околу 80 километри јужно од Гвајакил, вториот по големина град во Еквадор, каде што прелиминарно се наведува дека зградите и куќите се испукани, има скршени стакла, срушени сидови, а продавниците се затворени поради страв од последователни потреси.

Властите, исто така, наредија затворање на три патни тунели кои овозможуваат движење на возила помеѓу различни сектори на градот.

На социјалните мрежи беа објавени видеа од делумно урнати ѕидови и куќи во Гвајакил и Мачала, каде се урна најмалку една куќа, а оштетено е и едно пристаниште.

Надлежните поради движењето на земјата сепак не издадоа предупредување за цунами.

Земјотресот се случи во 12.53 часот по локално време во област лоцирана во близина на островот Пуна, со многу мала густина на населеност, и беше почувствуван во 13 од 24-те провинции на Еквадор и во северниот дел на Перу.

Александар Петрески 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе