Вести Македонија

Пукна цевка од парно на третиот кат на Токсикологија

Овие ќебиња останаа да сведочат за поплавата која ноќеска после полноќ се случи на клиниката за Токсикологија. Лекарски канцеларии , болнички соби, ходници и подруми се дел од просториите кои беа поплавени откако пукнал радиатор.Скоро два часа течела вода од пукната цевка од парното поради што бил полавен третиот кат на клиниката, а водата се слевала се до подрумот, велат од таму.

„Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно но неуспеале да го сопрат истекот на водата во следните 40-тина минути при што повикано е лице од клиниката коепомогнало да се сопре водата од главните вентили“, вели Данил Петровски медицински директор на Клиника за Токсикологија.

Дел од вработените алармираа дека клиниката не е осигурана, министерство за здравство ќе проверува и ќе бара одговорност од менаџментот доколку информацијата е точна.

Претходно дел од лекарите алармираа и дека организационата директорка Бесија Иљази притиска 18 луѓе да се вработат на Клиниката за токсикологија, иако за нив нема реална потреба. Министерот за здравство стои на ставот дека по завршување на изборите овие лица ќе бидат вработени и медицинскиот директор Данил Петровски разрешен.

Се обидовме да стапиме во контакт со организационата директорка и да ја прашаме за настанатиот проблем, но не креваше на нашите телефонски повици, а вработени ни кажаа дека таа била на своето работно место.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат пред неколку дена изврши инспекциски надзор на Токсикологија и утврди дека 11 лица незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги и покрај тоа што биле без договори за ангажман, а дел од нив и без соодветно образование. Од Министерството за здравство пак со став дека за случајот ќе се постапи, согласно добивањето на заклучоците од инспекциските надзори. Пред само четири дена Токсикологија ја тресеше скандал кога болничар на Клиниката од колега лаборант побарал да лажира резултати, урина со наркотици, да замени со чиста.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе