Вести Македонија Топ вести

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, денеска не се појави во Основниот суд во Струга, каде требаше да почне судскиот процес во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба при набавката на службеното луксузно Ауди 6.  Во судницата не дојде ниту неговиот бранител, кој претходно побарал од судот одлагање на рочиштето, поради обврски со друг предмет.

Судијката Надица Митреска образложи дека на барање на одбраната судот направи дигитален препис на доказите кои ќе му бидат дополнително предадени на увид, затоа што денес никој не дојде во судница. Но, адвокатот на Мерко, Игор Петковски во телефонска изјава, вели дека иако барале претходно, до денот на судење не ги добиле списите, поради што покрај зафатеноста, тоа било причина за барање на одлгање на судењето

Целта не ни е да го одлагаме, целта ни е кога ќе ги погледнеме доказите на обвинението да спротиставиме со докази на одбраната, и да докажеме дека не постои никаква одговорност кај градоначалникот по однос на оваа работа, вели Петковски.

Обвинението против Рамиз Мерко, го поднесе ОЈО за организиран криминал, 10 месеци откако САД го ставија струшкиот градоначалник на црната листа поради корупција и мешање во судски процеси.

Без претходно одобрување на Годишниот план за јавни набавки од страна на општинскиот совет и во услови кога општината имала блокирана жиро-сметка, набавил 4 возила меѓу кои и аудито од речиси 67 илјади евра, пишува во обвинението кое беше подготвено во Скопје, но патуваше до Струга поради измените на Кривичниот законик, со кои надлежноста премина на струшките суд и обвинителство.

Обвинителниот акт е за злоупотреба на службената положба. Ние ќе ја докажаваме нашата теорија на случај, одбраната нивната, на крај судот ќе одлучи што навистина се случило. Ние сметаме дека има дело и ќе го поддрѓиме обвинителниот предлог поднесе на ОЈО ГОК од Скопје, рече Никола Јолевски, обвинител од ОЈО Струга.

Следното рочиште е закажано за 3 јуни, а судијата побара судот да го обезбеди присуството на обвинетиот градоначалник на Струга,  Рамиз Мерко.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе