Вести Македонија

Со измени на деловникот Судски совет ќе спречува држење на предмети во фиока по година до две

Одолговлекување на дисцпилинските постапки против судиите  ќе се спречува со измените на деловникот на Судскиот совет . Се најавува воведување кратки рокови за движење на предметите во Судски. Ова го најави претседателката на Судски, Весна Дамева на брифинг со новинарите на кој презенираше мерките што ова тело ги презема за исполнување на препораките на Оценската мисија на ЕУ

Има  предмети што стојат во фиоки на некои членови. Недозволиво е некои постапки да траат и по година до две. Во мај ќе се менува деловникот со цел поголема ажурност на членовите на судскиот совет, рече Дамева.

Кои членови на Судски чувале предемети во фиока Дамева не спомна но како еден од предметите кој долго заглавил, го истакна предметот за конфискацијата на Трансмет.

Со измената на деловникот се воведува и обврска за членовите да објаснуваат и зошто гласаат против унапредување на некој судија не само кога гласаат за. Исто така и одлуките да ги образложуваат со конкретни причини зошто некој судија кој иако бил погоре на ранг листата не бил избран.

Ќе се менува и правилниот за рангирање на судиите . Ќе се намалат бодовите што ги добиваат за познавање на стрнски јазик а ќе се зголемуваат бодовите за дополнителна работа.

По извештајот на Стејт Департметот за 2023 кој нотира – унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност во судството и обвинителството, Дамева вели дека ги прифаќа сите забелешки во извештаите.

Секој треба да гласа и да одлучува со интегритет. До мене ако има интервенција од политичар дури и да е најдобар судија нема да го гласам затоа што ќе знам дека некој политичар ќе го има во раце и ќе биде нечиј слуга, рече Дамева

Периодов, Судски ќе ја усвои и комуникациската стратегија  во која се вметнати дел од препораките за транспарентност и отчетност на Оценската мисија на ЕУ, која дојде и го скенираше Советот по контроверното разрешување на Дамева пред една година. Експертите на ЕУ предложија 40 препораки но за најголем дел треба законски или измени на Уставот. Акцискиот план на судски се однеснува на имплемтација на 16 краткорочни препораки.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе