Вести Свет Топ вести

Западот сака да заврши со нас еднаш засекогаш, ако тргнат САД, ќе тргнеме и ние, порача Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин во годишното обраќање пред Федералното Собрание во Москва најави суспензија на учеството на неговата земја во Договорот за намалување на стратешкото вооружување насловен како „Старт“.

„Го суспендираме учеството во Договорот. Повторувам, не излегуваме од него, туку го прекинуваме нашето учество. Најпрво да сфатиме што сакаат да направат, пред сè Франција и Велика Британија, и тие рамки ќе се однесуваме. Нема потреба да лажат и да се претставуваат како поборници за мир. Сите знаеме дека изминува важноста на некои договори и сите се ближат до развој на ново нуклеарно оружје. И ние, но нема први. Меѓутоа, ако САД изведат тестирање на нуклеарно оружје, ќе направиме и ние“, порача Путин, додавајќи оти веќе постојат информации дека официјален Вашингтон се подготвува за такво нешто.

Тој потсети дека НАТО и САД јавно и директно рекле оти нивна цел е стратешки пораз на Русија.

„По такво нешто, посетата на одбранбените објекти на Русија не е опција. На почетокот на февруари, НАТО побара да се вратиме во договорот за неширење на стратешкото вооружување, вклучувајќи и инспекции на објекти. Тоа е театар на апсурдот. Знаеме дека Западот му помогна на режимот во Киев во нападот на објекти на територијата на Русија, а во исто време сакаат да прегледуваат наши објекти“, рече Путин.

„Старт“ е потпишан во 2002 година и уште се нарекува и Московски договор за потоа да биде заменет со „Нов старт“. Но, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја одолговлекуваше неговата обнова за, сепак, да биде обновен по изборот на Џо Бајден.

Новиот „Старт“ е единствениот преостанат билатерален договор за нуклеарно разоружување меѓу САД и Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе