Вести Свет Топ вести

Порака од Ердоган: Ќе има одговорност сите виновници за над 40.000 загинати во земјотресите

Ќе побарам одговорност од виновниците за повеќе од 40.000 загинати во разорните земјотреси што ја погодија јужна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Наша должност е престапниците да ги изведеме на одговорност пред законот“, рече Ердоган за време на посетата на јужната провинција Османија, пренесоа британските медиуми.

Во разурнувачките земјотреси на 6 февруари во Турција и Сирија загинаа повеќе од 47.000 лица, а издадени се повеќе од 100 налози за апсење во врска со изградбата на зградите што се урнаа во потресите, поради недостаток на безбедносни стандарди.

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека 131 лице досега е идентификувано во синџирот на одговорност за несовесно градење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе