Вести Македонија Топ вести

Дел од дојавите за бомби се лажни, дел сè уште се „чешлаат“

Проверките по дојавите за бомби во ГТЦ, во „Ист гејт мол“, во хотел „Мериот“, во Музеј на град Скопје, во Спомен куќа Мајка Тереза, во Транспортен центар, во ТЦ Бисер и во Џевахир холдинг покажале дека станува збор за лажни дојави, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Продолжуваат антитерористките проверки во преостанатите објекти кои пријавиле дека нивните електронски адреси утрово пристигнали закани за бомби.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста“, стои во соопштението.

Добиени закани за наводно поставени експлозивни направи утрово до МВР пријавиле од Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на Претседателот-Вила Водно, х. Мериот, х. Александар Палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ.  Исто така добиена е пријава за упатена закана и од 11 училишта во Скопје. Од полициски службеници се преземени мерки веднаш по добиените пријави, и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Вчера, дојави за поставени експлозовни направи пристигнаа на електронските адреси на 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и кај четири во Прилеп, за кои по спроведените антитерористички проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе