Вести Македонија Топ вести

Антикорупциска отвора предмет за сопружниците во Судски совет, Дамева негира судир на интерес

„Сакав да избегнам казна од 7 до 15 илајди евра ако не е избран Генерален секретар два месеци по моето назначување. Весна Толева е вршител на должност една година пред мене. Таа не е функционер во советот и нема судир на интереси. Ова е одлука на советот, а не моја.“ Вака, претседателката на Судски совет за Телма го коментира изборот на Толева која и воедно треба да шефува со нејзиниот сопруг.

Генералниот секретар не е функционер. Нејзиниот избор е направен многу претходно пред мене. Судскиот совет ја донесе одлуката. Не се коси со систематизацијата, а нејзиниот сопруг не е мој личен возач, туку еден до двајцата возачи на судски совет. Судир на интереси нема, а оставам случајот до крај да го испита и државната комисија за спречување корупција, за да не се остави никаква дамка. Мислам дека не може да се дискриминира овој случај, а ако има судир на интереси сама е должна да се изземе. Одлуката ја донесе советот, а не јас. Врз расправа на аргументи. Практично ова е наследена состојба. Понатаму законот наложува избор на генсек во рок од 2 месеци по избор на претседател. Во спротивно казните се од 7 до 15 илјади евра, вели Дамева за Телма

Кој кого вози во Судски совет отсега е предмет кај антикорупционерите. Откако сопругата стана Генерален секретар, таа шефува и со нејзниот сопруг – возач. Но, како е избрана или дали има влијание, антикорупциска ќе испитува по допрен глас.

Местото Генерален секретар во Судскиот совет е моќна позиција. Таа е информирана за сите огласи за вработувања во судовите. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, на почетокот сподели резултати од спроведената внатрешна анкета на вработените, на која Толева добила 11 гласа, а Георгиевска – 14 гласови. Лани во февруари, синот на Весна и Наце, Мартин Толев, бил вработен на местото: Помлад судски соработник во Вишиот управен суд.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе