Вести Македонија Топ вести

Утврдени четири (не)намерни пропусти кај затворската смена за бегството на Мемети да избега, премиерот најави смена на директорот на на управата

Четири пропусти во „Идризово“ и комбето сториле петмината затворски чувари и командирот, се наведува во извештајот на управата за извршување санкции. Ова е последната работна задача на актуелниот директор Марјан Спасовски кој ќе ги испразни директорското столче, откако премиерот ќе му пронајде замена. Директорот на затворот, Шпенд Тахири, каде што отпочна филмското бегство, останува во фотењата. Неговиот избор е свеж.

Иако слушна од медиумите дека следи негова смена, Спасовски и управата се обиделе да го расветлат бегството. По три дена разговори и конултации заклучиле дека од 4 пропусти два се случиле во затворската зграда:

„Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба, Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана“, се наведува со соопштението на Министерството за правда.

И управата е вчудовидена како понатака се одвивал транспортот на опасниот осуденик и убиец.

„Наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен“, стои во извештајот на управата.

Но, иако КПД „ИДризово“ ги суспендираше, обвинителството се сомнева дека се здружиле и му помогнале на Мемети да избега, а неофицијално мотивите се поткуп. Тројца се во притвор, еден не смее да го напушти живеалиштето, а еден нивни колега заздравува од куршумот во стомак кој го испукал Мемети со врзани раце, откако со леснотија му го одзел единствениот пиштол на затворскиот чувар.

Одговорите по кои трага обвинителството, освен пронаоѓање на искусниот бегалец од македонските затвори Мемети, треба да расветли дали и други служебни лица помагале во бегството, додека пак, извршната власт да појасни како командирот во оваа смена Срѓан Димитирејевски претходно осомничен за поткуп, последно командувал со смена во КПД „Идризово“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска недела на имунизација- Слушајте ги научниците, не дезинформациите

Дејан Дејан

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе