Вести Македонија Топ вести

Празничните патувања може да го увезат новиот сој на Ковид-19, акцентот на лекарите е на сезонскиот грип

Ситуацијата со ковид-19 во моментов е стабилна, сметаат имунолозите. За сега кај нас не е потврдена новата подваријанта „Кракен“ која е полесно пренослива во споредба со претходните, но и со полесна симптоматологија. Светската здравствена организација предупреди дека новиот сој на Омикрон XBB.1.5. наречен „Кракен“, кој веќе ја зафаќа Америка е најзаразната подваријанта на ковид до сега.

Кај нас последното секвенционирање е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање на примероци позитивни за ковид-19 не е откриена оваа варијанта. Доминантни пред еден месец беа  Б11 варијантите. Сега многу е логично Кракен варијантата да стигне и кај нас, но повторно ако се секвенционираат поголем број на примероци веројатно ќе ја откриеме варијантата, но тоа не очекувам да смени многу нешто во поставеноста на здравствениот систем ниту во ризиците кои варијантата може да ги донесе, изјави професор доктор Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје се регистирани 238 позитивни случаи на ковид-19. Новозаболените се од 23 градови во земјава и се 6,3 отсто помалку во споредба со претходната недела. Во овој момент немаме индиции дека болничките капацитети би можеле да бидат загрозени,  вели професор Петличковски, што значи дека се очекува имунитетот кој до сега е стекнат со вакцинации и прележување на болест да биде многу сериозна заштита и за новата варијанта на ковид.

Во меѓувреме се зголемува и бројот на пациенти со грип, матичните лекари предупредија дека мал е бројот на граѓани кои се тестираат, дури и игнорираат некои симптоми само за да не се изолираат.

Разликувањето е тешко без тест дефинитивен лабораториски не може да се разликува со сигурност по клиничките симптоми дали е грип или ковид.

Би било идеално кога сите би можело да се тестираат бесплатно, има примери во светот, но тоа се богати земји кои нудат бесплатно тестирање и тоа паралелно тестирање и за грип и за Ковид, затоа што за грип има специфични антивирусни лекови кои можат да помогнат особено ако се дадат рано и на тој начин да се минимизираат последиците, но ние се уште ниту финансиски, ниту организациски не сме стигнати таму, додава Петличковски.

Во овој миг кога и грипот и Ковид 19 многу лесно се шират важна е одговорноста на граѓаните да носат заштитни маски, посебно кога се со одредени симптоми за респираторна инфекција и поголем дел од времето го минуваат во затворени простории.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе