Вести Македонија Топ вести

По три години домашен притвор, еск-битолскиот градоначалник Талевски е спроведен во прилепскиот затвор

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески синоќа е спроведен во Прилепскиот затвор за издржување на ефективната затворска казна од 7 години за случајот „Транспортер“. Тој во домашен притвор мина 3 години, со што ќе остане во затвор во следните 4 години. Неговиот најблизок соработник и поранешен секретар во општината, Слободан Бончановски, од вкупно изречената затворска казна од 5,6 години со пресметаниот притвор му остануваат за издржување уште 2 години. Тој казната ќе ја издржува во затворот во Битола.

Талески е спроведен во затворот во Прилеп од вчера попладне, откако Апелациониот суд во Скопје на 28 декември донесе пресуда со која му ја намали затворската казна од 8 на 7 години.

Според последната одлука на Апелацискиот суд во Скопје, Талески и Бончаноски се единствените осудени со казни затвор во случајот „Транспортер“ на СЈО. Ефективните затворски казни за дел од превозниците апелација ги преиначи во условни казни затвор во траење од по 2 години, ако во рок од 5 години не сторат ново кривично дело.

Предметот „Транспортер“ се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, а за овој случај, штетатa од 360 илјади евра,  според пресудата треба да се надомести со конфискација на имот.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе