Вести Македонија Топ вести

Компаниите „Штрабаг“ за 49 и „Гулемарк“ за 155 милиони евра ќе почнат со изградба на пругата кон Бугарија на 18 октомври

Во 1994-та година камен темелник стави тогашниот премиер Бранко Црвенковски. Датумот е октомври и се поклопува со најавите на сегашниот директор на М.Ж. „Инфраструктура“, Хари Локвенец за почеток на изградбата на две делници од коридорот 8. На 11 октомври ќе се пресече црвена лента, а на 18-ти ќе влезе градежната маханизација. Конзорциумот „Штрабаг“ од Австрија ќе добие 49 милиони евра, а турската фирма која исто победила на тендерот ќе работи за 155 милиони.

И да бидат точни со роковите, останува третиот најдолг и најтешок дел до пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија. Ќе руши рекорди со мостови и тунели, а ќе чини 430 милиони евра. Половина од нив, претпријатието ги доби од заем и грант од Европската унија.

За да мине првиот воз од Скопје до Софијам со исто темпо треба да градат и Бугарите. И тие имаат повеќе од милијарда евра добиени од Унијата за поправки и за инвестиции. Ако стасаат до 2027-та година, првиот воз ќе мине низ заедничкиот тунел на самата граница со Бугарија. Со години државното претпријатие водеше граѓански спорови за експропријација за првите делници со рекордни 1.500 предмети. Повеќе се офајдиле адвокатите отколку граѓаните. Истата постапка сега отпочнува за третиот дел од Крива Паланка до границата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе