Вести Македонија Топ вести

СДСМ вели дека одговорно и државнички се грижи за граѓаните, ВМРО – ДПМНЕ обвинува за недомаќинско работење

Владеачката партија СДСМ смета дека државата навремено ги презема сите неопходни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Додаваат дека заедно со коалицијата работат на обезбедување на соодветно количество енергија и храна во пресрет на една од најтешките зими поради глобалната економска и енергетска криза.

– Зголемено е домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија. Со последната одлука, обезбедени се нови 50 милиони евра на ЕСМ, да може дополнително да го зголеми производството, а на сила се и мерките за заштеда на струја, велат од партијата.

Од таму нагласуваат и дека државата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја за граѓаните, како и дека со ребалансот на Буџетот се издвоени 76 милиони евра за нови мерки за помош.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак на став дека доколку власта домаќински работела ќе се спречело зголемувањето на цената на струјата и немало да дојде до најавеното ново зголемување во декември.

– Состојбата со енергетиката во Македонија е катастрофа поради криминалот на власта. Домашното производство на струја во време на антимакедонската СДС е намалено за 3 терават часови, а неопходните количини граѓаните и стопанството скапо го плаќаат од увоз. Македонските фирми сега плаќаат и до 800 евра за мегават-час, што е поскапо од сите компании во регионот,  а енергетски капацитети во моќност од 400 до 500 мегавати стојат неискористени, обвинуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Според нив власта реши да го полни џебот на трговците со струја и да прави милионски штети на буџетот.

Заради ваквото работење, велат од опозициската партија, државните енергетски компании станаа загубари, а поради високите цени граѓаните и стопанството се донесоа до питачки стап.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе