Вести Македонија Топ вести

Груби гаси сијалици, ги кара другите кои не ги гасат

Вицепремиерот Артан Груби веќе почнал да ги гаси сијалиците  зад себе во неговото министерство, а ги проверува и другите. Денеска во Арачиново, каде отвораше водоводна мрежа, немаше порака до арачиновци, но им порача на останатите граѓани и институциите да  штедат на струја.

За Груби не е голем трошок одењето на владината делегација од стотина лица на Самитот на Отворен Балкан затоа што, како што рече, Белград е блиску, а се прави промоција на државата.

Во меѓувреме, продолжија обвинувањата од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, дека граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, се пљачкаат преку ноќните вишоци на струја. Од податоците кои денеска ги пласираше на фејсбук, се гледа дека ЕСМ/ЕЛЕМ распишале оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 1 до 5 август, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1250 мегават часови, продадени по цена од 245 евра за мегават час. За истиот тој период цената на струјата на референтната берза е 372 евра за мегават час, со што е постигната разлика од 158.550€, за кои тврди дека завршуваат во нечии џебови.

Ова не е првпат Мицкоски да обвини за кражба од продажбата на ноќните вишоци. Од минатиот месец, постојано објавува податоци, а  СДСМ му враќаат со истиот одговор.

Николова повтори дека, Владата  презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување на соодветно количество енергија и храна за престојната зима.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе