Uncategorized

Модуларната болница нем сведок на 30 минутниот пекол

Црни дупки, гареж, тежок мирис на изгорена пластика, рамки од спалени кревети е она што остана од собите на модуларната болница во Тетово во кои до синоќа лежеа 26 пациенти, повеќето врзани на кислород, барајќи спас од коронавирусот.

И 24 часа подоцна и покрај тоа што во моментот на пожарот во болницата освен пациентите имало и двајца лекари, четири медицински сестри и двајца посетители, се уште нема одговор што точно се случило. Неофицијалните информации се дека пожарот бил предизвикан од електрична инсталација.

Освен за тоа како се случил пожарот 24 часа по несреќата се уште не се открива и идентитетот на жртвите, за што исто така неофицијалните информации се дека меѓу нив има и една девојка која не била пациент туку била таму да се грижи за својата мајка.

Тоа пака го отвори прашањето зошто во тетовската модуларна ковид болница биле дозволени т.н. придружби и со тоа биле загрозени животите на повеќе лица.  Министерот Венко Филипче попладнево изјави дека не станува збор за придружби туку за посети, за кои и самиот кажа дека во ковид-болниците се забранети и најави истрага

Сепак веднаш потоа рече дека ковид-посети во Клиничката болница во Тетово биле дозволени од болничката управа, само на вакцинирани лица, со дообјаснување дека посетите на пациентите, генерално во здравствените институции во земјава, тешко се менаџираат.

Молкот на институциите за пожарот денеска прв го прекина шефот на државата кој од пред изгорениот објект во тетовската болница кажа дека првичните наоди на исрагата се дека пожарот не бил подметнат.

Пендаровски кој очекува брз истрага и прецизни одговори што се случило синоќа во модуларната болница, рече дека во тоа ќе помогнат и странски експерти за да нема сомнежи во истрагата.

Истрагата на терен во модуларната болница во Тетово заврши попладнево, но таа и вечерва ќе биде обезбедувана од полицијата, која додека не биде урната немо ќе сведочи за 30-ната минути пекол во кој 14 луѓе го загубија животот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе