Вести Свет Топ вести

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Над 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетен фестивал во Штутгарт, јави „Би-Би-Си“. Непознато е како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата.

Претставниците на лакалната власт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни.

Тестирани се и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.

Градскиот здравствен институт смета дека вирусот се пренесувал од човек на човек, преку капки, иако не се знае кој го донел вирусот – посетител или вработен.

Посетителите набрзо се пожалиле на повраќање, дијареа и гадење.

Градските здравствени власти објавија дека до петок, 26 април, биле заразени 815 лица. Пролетниот фестивал на падините на реката Некар започна на 20 април и ќе трае 23 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поплави во Индонезија најмалку 37 мртви и17 исчезнати:

Дејан Дејан

Најмалку 20 демонстранти приведени во Тбилиси

Дејан Дејан

Мицотакис за одлуката на Сиљановска Давкова да не го користи уставното име: нелегална, недозволива и провокативна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе