Вести Македонија

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Измамничко дуо во центарот на Скопје измамило 63-годишен српски државјанин. Еден од измамниците се претставувал дека е од Обединети Арапски Емирати.

На измамениот му побарал помош за преведување од српски на албански за наводно да се разбере за штета од сообраќајна несреќа која ја предизвикал. Вториот измамник бил божемниот оштетен.

Арапот тогаш побарал 300 евра за да ја плати штетата и на измамениот му оставил три копчиња со облик на дијаманти како гаранција додека “тркне” до банкомат и извади пари за да му ги врати.

Измамниците ги зеле парите и не се вратиле по што жртвата пријавила на полиција по што случајот се најде во полицискиот билтен:

На 26.04.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Р.Србија, пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар. Според пријавеното, едното се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив. Како што е пријавено, истото лице му побарало на С.А. на заем 300 евра за да се раздолжи со другото лице за наводната сообраќајна незгода, кои ќе му ги врати откако ќе извади пари од банкомат, а како гаранција му оставило три копчиња во форма на дијаманти. Според пријавата, откако С.А. ги дал парите, двете лица избегале, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе