Uncategorized

Антикорупциска: 1,8 милиони евра исплатени за апанажа, директори си доделувале возила на неограничено користење

Законски измени околу правото на апанажа за државните функционери и висината на сумата коија има се исплаќа ќе бара Антикорупциската комисија откако нивната анлиза покажала дека за четири години се исплатени 1,8 милиони евра.

Во периодот од 2014 до 2018 година, 107 државни функционери го искористиле правото на апанажа од кои 29 биле службеници во Влада а 78 во Собранието.

Директорите на агенции и иституциите именувани од Владата и Собранието често ги користат дискреционите права самите да одредат надоместоци, средства за репрезентации или лимити на службените бизнис картички односно како да располагаат со Буџетските пари.

Исто така во речиси сите институции каде што биле направени проверки, директорите и нивните заменици со интерни акти си доделиле службени возила на користење седум дена во неделата без лимит на километража.

Во некои државни институции во Управните и Надзорните одбори има речиси половина или повеќе од вкупниот број на вработени а паричниот надоместок се движи меѓу 10 и 12 илјади денари месечно или по одржана седница

Од антикорупциска соопштија дека 12 пратеници од претходниот парламентрен состав не доставиле анкетен лист, а шестмина со задоцнување и против нив ќе бидат поднесени прекршочни пријави.

Антикорупционерите ја запреа постапката против директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, но најавија дека ќе бараат измени во законската регулатива за оваа институција.

Со ургенција од Владата пак Антикорупциска бара да им биде доставен одговор околу нивното барање да се поведе постапка за одговорност за директорот на агенцијата за филм Горјан Тозија.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе