Вести Македонија Топ вести

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Од 500 до над 500.000 денари им донирале физички и правни лица на претседателските кандидати во првиот круг од кампањата. Донирале пратеници, градоначалници, членови на партиите кои ги поддржаа кандидатите, како и фирми.

Најмногу пари, според првиот извештај на донации, собрала Гордана Силјановска Давкова. Речиси 325.000 евра од 526 физички лица и 800 евра од правно лице. Највисоки суми донирале партиските потпретседатели и пратениците. Нејзиниот втор извештај е празен.

Најмалку добиени пари од сите кандидати, пак, пријавил актуелниот претседател, Стево Пендаровски. И неговиот прв извештај е празен, додека вториот покажува дека за неговата кампања биле донирани околу 520 евра од 3 физички лица, како и 1.800 евра од едно правно лице, но во форма на услуга.

Кандидатот Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ до првите 10 дена од почетокот на кампањата пријавил речиси 7.000 евра од девет лица од основната жиро-сметка на политичката партија на трансакциската сметка за изборната кампања, а уште 5.000 евра се нотирани во вториот извештај.

За кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, во првиот извештај се регистрирани 26 донации од физички лица во вредност од 17.500 илјади евра, а во вториот извештај уште отприлика толку од 31 физичко лице. Притоа, највисоки донации уплатиле таа самата, партискиот лидер Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов.

За првите 10 дена од кампањата на кандидатот на ДУИ, Бујар Османи извештајот е празен. Во вториот извештај, пак, единствено може да се најде една донација од правно лице во вредност од 3.000 евра. Во овој извештај стои и дека се префрлени „други приходи“ во вредност од 67.000 евра од партиската сметка на ДУИ.

Донации од 8.500 илјади евра од пет физички лица легнале за потребите на кампањата на Арбен Таравари, според извештајот за првиот дел од кампањата, а каде уште се наведува дека 34.000 евра биле пренесени средства од партиски сметки. Дополнителна донација од 3.000 евра е нотирана во вториот извештај од самиот Таравари, а плус 10.000 евра биле префрлени од партиска сметка.

И 20 физички лица донирале 15.000 евра за кампањата на кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, покажува првиот извештај доставен до Државниот Завод за Ревизија. Во вториот извештај се заведени донации од две физички лица во вредност од 50.000 денари.

Конечните извештаи за вкупните трошења на изборните кандидати во првиот круг на парламентарните избори треба да бидат објавени на веб-страницата на ДИК.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вештачката интелигенција може да детектира депресија

Дејан Дејан

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе