Uncategorized Вести Македонија Најважни

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Утре ќе се одлучува што ќе се прави со одлуката на осигурителните компании за поскапување на задолжителната осигурителна полиса. Владини извори за Телма велат дека е можно да се донесе нов тарифник со кој директно би можело да се вратат старите цени.

Оваа тема ќе биде дел од владината седница. Но во исто време состанок ќе одржат и националното било, Агенцијата на супервизија на осигурениците и министерството за финансии. Се чека реакција и од Комисијата за заштита на конкуренцијата, да процени дали има фер однос од страна на осигурителните компании со оваа одлука.

Инаку владата има надлежност во носењето на цените на осигурувањето во цената на зелениот картон, во методологијата, но и во утврдување на максималните граници на режиските трошоци на осигурителните компании. Тие одлучија да ја зголемат цената на осигурителната полица за 15 проценти со образложени дека со години не е променета цената, а нивните трошоци се значително пораснати.

На ова реагираа од Министерството за финансии но и од Агенцијата на супервизија на осигурениците од каде тврдат дека покачувањето на цената за задолжителната полица за осигурување е неосновано. Ако остане новата цена тоа ќе предизвика зголемување на трошоците за регистрација на возилата.

Па така, ако досега за возило од 44 до 55 киловати се плаќаше 5.453 денари, новата цена ќе биде 6.292 денара. Поскапувањето е пропорционално во зависност од зафатнината на моторот кој е вграден во возилото.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе