Вести Македонија Топ вести

Дали воведувањето на глобалниот данок од 15 отсто ќе ги испразни ТИРЗ зоните во земјава?

Дали воведувањето на глобалниот данок од 15 отсто ќе ги испразни ТИРЗ зоните во земјава. Македонија како членка на ОЕЦД е обврзна да го воведе глобалниот данок од 15 отсто, а со тоа компаниите кои се тука и ја добиваат дражвната помош, но и оние кои би дошле поради ваквата поволност, со новата давачка на некој начин нема да ги почувствуваат. Па може да им биде сеедно каде ќе инвестираат. Засегнати се над 50 фирми кои веќе долго работата во земјава.

„Ние како Совет уште минатата година го покренавме овој разговор и оваа дискусија со економскиот тим на Владата, и иако тогаш на еден или друг начин ни беше кажано дека барем ќе има некаков транзициски период каде што ние како држава веднаш тоа нема да го воведуваме, сепак од први јануари оваа година овој данок е воведен на глобално ниво така да голем број на компании без разлика дали се тоа компании кои работат во или вон технолошко-индустриските развојни зони, или дали тие добиваат државна помош или не, ќе треба детално да се разгледаат сите ефекти како тоа ќе влијае врз локалните компании“, изјави Виктор Мизо, претседател на Советот за странски инвеститори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

(Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе