Вести Македонија Топ вести

Пред антикорупционерите дваесетина пријави за евентуални прекршувања на Изборниот законик

Дваесетина пријави поврзани со изборите пристигнале во Антикорупциска. Дали имало прекршување на изборниот законик одлуки се уште нема. Во ДКСК чекаат одговор од институциите за податоците што ги побарале. Рокот уште не бил истечен и уверуваат дека овие предмети ќе имаат приоритет. Алармантен е податокот дека само 300 од вкупни 1500 институции доставиле податоци за службените до Антикорупциска иако тоа трбеало да го сторат 15 дена по рапсишување на избори.

Директорот на ААВМУ како сериозен ризик го посочи платеното политчко рекламирање преку интернет порталите . 251 портал се регистрирани во ДИК, никој не може да ги контролира а можат да добијат и по 15 илјди евра посочи Трајчевски.

Предметот поврзан со финансиски политичко рекламирање  со наменски отворени портали, уште во предистрага бил затворен со резолуција потврдија од обвинителството за Телма.

На дискусијата  посветна на соработката мегу институциие и на изборните ризици беа истакнати слабостите на Изборниот законик но и тоа што последните измени беа донесени по распишување на изборите. Тоа според ДЗР предизвикува правна несигурност и е спротивно на препораките на ОБСЕ ОДИХР.

Од еден во друг изборен циклус обвинителството бележи тренд на намалување на пријавите но последниот период предизвик претставуваат  криивчни декеа поврзни со говор н омраза поттикнати од вжештената предизборна реотрика но и обидите да се влијае врз изборниот процес преку злоупотреба на социјалните мрежи и современите технологии, посочи државниот обвинител Љубомир  Коцевски.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе