Вести Македонија Топ вести

Полицијата ни даде насоки каде да бегаме за да нè заштитат – од ГФК Куманово тврдат дека имале притисоци и закани во Арачиново

Притисоци и закани, еден куп грубости и удирање. Во таков амбиент, тврдат од ГФК Куманово, минало нивното гостување во Арачиново, кај екипата на Шкендија, во дербито на Трета лига што се одигра викендот. Арачиновци славеа со 3:0, но кумановци обвинуваат дека имале недомаќински однос пред натпреварот.

ГФК Куманово објави соопштение во кое наведуваат „информации дека судиите биле заклучени пред натпреварот во соблекувална и добиле закани“ за што, како што стои во дописот, „не знаеме што точно им кажале“. Пред натпреварот, како што стои во соопштението на Фејсбук, од полиција биле запознати дека постои најава за влегување на публика преку ограда во теренот и напад врз нив, за што, посочуваат од ГФК Куманово, им била дадена насока каде да бегаат за да можат да ги заштитат.

Соопштението на ГФК Куманово по мечот со Шкендија Арачиново го пренесуваме во целост

Еве само едно видео од натпреварот во недела што се одигра на стадионот во Хасанбег.

Онаа што го кажавме еве може македонска јавност да го види, значи ова се случува пред очите на судиите, кои како имаме информации биле заклучени пред натпреварот во соблекувална и им било претено не знаеме што точно се им кажале. Судиите како и останати луѓе се од крв и месо и нормално дека подлегнале под притисок.

Читаме коментари дека има многу храбри фудбалери, па еве повелете на некој ваков натпревар и играјте да ве видиме. Исто така има и коментари зошто не сме го напуштиле натпреварот, луѓе има судии и делегат на натпреварот на кои уредно ги рековме што се случило дека нашиот фудбалер е двапати удрено со тупаница, но тие не рекоа да го почнеме натпревар (кога биле под закана што друго да кажат).

Има и коментари дека на преносот што го гледале дека немало ништо опасно, еве јас ќе ви пишам најреално имаше најмалку околу 30 намерни старта со отворена нога што не е дозволено во фудбалот.

Да кажам и оваа пред почеток на натпреварот од полиција ни рекоа дека има најава дека публика ќе влезе преку ограда во теренот да нè нападне и ни дадоа насока каде да бегаме да можат да нè заштитат.

За крај да порачаме на Шкендија кажете на кој фудбалски стадион сакате да одиграме натпревар без присуство на публика и редари нека има само полиција да ви покажеме дека сме за две класи подобри од вас.

Да не заборавиме дека се имаат јавувно на фудбалерите и на нивните семејства и им се заканувале.

Луѓе каде живееме во Македонија или во Колумбија.

ГФК Куманово ветува дека секогаш ќе играме фер и коректно,дека секогаш гостинските екипи и судии ке ги пречекаме најдомаќински и така ке ги испратиме.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе