Вести Македонија Топ вести

Крилото на Села утре одлучува со кого ќе настапи на парламентарните избори

Крилото на Зијадин Села во Алијанса за Албанците утре на состанок на Централното Собрание ќе одлучи со кого ќе настапи на парламентарните избори. Пред делегатите стојат две можности заеднички настап со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ или со опозициската Коалиција „Вреди“. Села смета дека нема можност за самостоен настап на изборите поради судскиот спор за партиските печати. Од Коалицијата Вреди го потсетија Села дека доколку одлучи да настапи самостојно претседателот на Алијанса Таравари веднаш ги даде печатите за да се завршат кандидатските листи.

Дали Алијанса на Албанците на Зијадин Села ќе оди во коалиција со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ или пак со „Вреди“ ќе се знае утре по состанокот на Централното Собрание кое ќе се одржи во Скопје. Претседателот на Централното собрание, Зијадин Села потврди дека утре конечно ќе се донесе одлуката околу настапот на претстојните парламентарни избори.

Клучен проблем во моментот е печатот на партијата кој се наоѓа кај претседателот Арбен Таравари кој официјално се разиде со Села и се приклучи кон опозициската коалиција во албанскиот политички блок. Судскиот спорт сеуште трае и нема да заврши до истекот на законскиот рок за пријавување на кандидатските листи а Таравари беше дециден ќе стави печат на кандидатските листи за пратеници само ако крилото на Села оди самостојно на изборите.

Според Села пак, самостоен настап повеќе не е опцијата заради судскиот спор па така пред Централното собрание утре ќе бидат две можности односно или да не учествуваат на изборите или да се приклучат кон некој од веќе формираните коалции.

Експертите сметаат дека крилото на Села сепак ќе се приклучи кон „Европскиот фронт“ на владејачката ДУИ.

Коалицијата „Вреди“ денес го повика Села Зијадин да се премисли и да настапи самостојно на изборите бидејќи Таравари ќе му ги даде печатите за таа цел и додаваат дека Села смислил евтино алиби за да го прикрие договорот со ДУИ кој го склучил одамна.

Доколку се приклучи кон коалицијата предводена од ДУИ, неофицијалните информации се дека тој ќе биде носител на листата во ИЕ 5, а кандидатите за пртатеници од алијанса, со оглед дека нема да го имаат потребниот печат од партијата ќе бидат запишани како независни кандидати.

По долги години Села ќе биде во коалиција и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, со кого имаше сериозни несогласувања и откако ја формираше фракцијата Движење за реформи во ДПА, ја напушти партијата и ја формираше Алијанса за Aлбанците.

Во моментов Села има тројца министри во Владата, Кренар Лога, Илир Демири и Наим Бајрами како и поддршка од шест пратеници.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе