Вести Македонија

Аналитичарите очекуваат дека партиите ќе се повлечат од своите максималистички барања во постизборието

Реформски пакети или заложби кои во моментов одат во недопирливи екстреми. Она што беше кажано од страна на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие први ја објавија програмата, првата клучна промена за која очекуваат поддршка е 90 пратеници, и тука веќе мора да се стави назнаката дека тоа мора да оди со уставни измени. Но, вториот услов кој се судира со условите коишто ги имаат партиите на Албанците, а тоа е укинувањето на „балансерот“. А од другата страна условот за преговори е исполнување на уставните измени и продолжување на преговорите за ЕУ.

Доколку им се верува и на политичките ставови на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и на претставниците на етничките албански коалиции на Ахмети и Таравари, поверојатно е обединување на Северна и Јужна Кореја отколку постизборно да се согласат околу овие нивни максималистички барања кои ги воспоставија и Али Ахмети и Арбен Таравари, односно политички дека доколку сака некој постизборно да седне и да преговара за влада со нив ќе треба да ги прифати уставните измени. Од друга страна пак лидерот на опозицијата е да се укине балансерот како услов без кој ВМРО-ДПМНЕ нема да седне на преговарачка маса. Јас мислам дека тоа е само подигнување на етно-националистичките политички влогови во предизборието, секој да му биде допадлив на своето гласачко тело, а псотизборно ќе видиме ретерирање од тие црвени линии, смета аналитичарот Благојче Атанасовски.

Според него за укинување на балансерот потребно е укинување на одредба од Охридскиот рамковен договор, што после 23 години од неговото потпишување е практично невозможно. За Атанасовски, ваквите услови се само најава за тоа што може постизборно да се преговара помеѓу Мицкоски и лидерите на албанските политички коалиции бидејќи за сето тоа што го најавуваат ќе биде потребен пакет на уставни промени, откако изминативе две години се зборуваше само за отварање на Уставот за вметнување на Бугарите во него како услов од преговарачката рамка за ЕУ.

Сега наеднаш во предизборието гледаме најавување на многу  уставни измени кои политичките коалиции ги наметнуваат како услови за нивно идно политичко коалицирање. Но, не ме изненадува дека и за едните и за другите, односно делови од албанскиот блок, доколку се најдат во ситуација да формираат влада со ВМРО-ДПМНЕ, верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ би ретерирале од своите првични барања за укинување на балансерот, и делови од албанскиот блок би ретерирале од барањата за избор на претседател на Собранието, но мислам дека икс фаткорот ќе претставуваат уставните измени, бидејќи тие дефинитивно се судираат со политиката на меѓународната заедница во Македонија, односно прашање би било дали албанските лидери ќе смеат да направат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ без да се изгласаат уставните измени, во момент кога на Босна и Херцеговина ѝ се ветува и треба да добие почеток на преговорите со ЕУ, Македонија и Албанија ќе бидат колатерални штети од неизгласувањето на уставните измени. Едноставно постизборието ќе биде веројатно многу поинтересно од овој предизборен или самиот изборен ден, смета Атанасовски.

Селими смета дека уставните измени за продолжување на преговорите со ЕУ ќе биде предуслов за формирање на секоја влада.

Поентата е дека не треба да се плашиме да зборуваме ниту за 90 пратеници, ниту за една изборна единица, и за укинување, или унапредување на балансерот или подобрување на начинот на кој тој се користи. Меѓутоа тоа треба да се направи во една аргументирана и разумна дебата помеѓу сите чинители, не само политичките партии, туку како општество. Другото што е неспорно и мислам дека ќе биде премногу тешко да се формира влада е дали ќе има внесување на Бугарите, Хрватите и другите во Уставот за продолжување на преговорите со ЕУ. Тоа мислам дека ќе биде главниот услов од сите други политички чинители за формирање на влада. Тоа е јасно искажан став и мислам дека од тоа нема отстапување ниту од коалицијата Вреди ниту од Европскиот фронт, смета Селими.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска недела на имунизација- Слушајте ги научниците, не дезинформациите

Дејан Дејан

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе