Вести Македонија Топ вести

Полигрaфистите гарантираат: 97 од 100 цариници ќе уловиме со полиграф ако зеле мито макар и 5 евра

Од полиграфот само три проценти од испитаниците ќе можат да се спасат. Експертите се ретки но убедени  дека можат да ја победат корупцијата на границите ако тоа им се дозволи со идни зкаонски измени. Велат, телото на испитаникот не може во целост да ја сокрие вистината, затоа што седнати во столчето за нив зборува потсвеста која не лаже. Но, такави експери во змејава се само 4-ца кои ќе имаат полни раце работа ако се донесат зкаонските измени за проверка на раководителите во царина еднаш годишно. Според, кординативното тело кое одново одржа дебата освен ловот на лагата очекуваат и повисоки плати како мотивација на вработените против корупцијата на граничните премини која јаде и над 20 отсто од државните приливи.

Стотина царински и полициски високи глави ќе паднат во раце на само 4 – ца лиценцирани полиграфисти ако поминат законските измени предложни од координативното тело за погранично управување кое на корупцијата на границите планира да и  објави војна. И пет евра мито да зеле, полиграфистите  со помош на машината за детекција на лага ќе го откријат минатото на испитаникот. Само тројца од сто можат да се спасат и да го излажат уредот.

„Точноста на полиграфскиот уред според најновите научни истражувања изнесува дури 97 отсто што е највиоско ниво во  однос на исте истражувања во однос на детекција на лага. Различноста во точноста зависи исклучиво од применетата техника и полиграфскиот бекграунд на испитувачот. Но нашата компанија односно во Македонија имаме четврица лиценцирани полиграфисти ,од кои двајца во приватен и двајца во јавен сектор“, вели Никола Божнивски од „Полиграфски центар“

Третата дебата од која ќе треба да се изродат законските измени ги отвори аспектите и на тоа кој дава и зошто нуди мито. Ако платите на царинциите се поголеми тие ќе бидат поотпорни на корупција, но и казните за старанките ако се помали тогаш ќе се постигне истиот ефект.

Сивата економија почнува на границата, и оттаму започнува кражбата на третина од буџетот. Полицајци гледат настрана, граничари договараат криминал..шемата е јавна тајна, а обвинителството мака мачи да ги изведе пред лицето на правдата. Националниот кординатор за погранично управување смета дека преку  јавна дебата ќе се стаса до идните законски решенија за оваа проблематика.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе