Вести Македонија

Во Австрија и Хрватска со старите патни исправи, средба на Тошковски со Памер и Тигањ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија Мартин Памер и со амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ.

  • „Во однос на македонските патни исправи двајцата амбасадори истакнаа дека нивните држави имаат разбирање за овој проблем и излегуваат во пресрет на македонските граѓани кои можат непречено да го остваруваат правото на слободно движење во Австрија и Хрватска со старите патни исправи, доколку истите имаат валиден рок, за што од моја страна беше изразена голема благодарност“, соопшти Тошковски на Фејсбук.

На средбите се разговарало за функционирањето на техничката Влада и за улогата на Министерство за внатрешни работи во поглед на спроведување фер и демократски изборен процес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе