Вести Македонија Топ вести

Синдикатите на финансии и на УКИМ притискаат за потпишување и исполнување на Колективните договори

Протести, штрајкови и тужби. Ова се најавите на Синдикатите на финансии и на најстариот универзитет во државата „Кирил и Методиј“ кои бараат да се потпише колективен договор во случајот со министерството за финансии и да се испочитува веќе потпишаниот во случајот со УКИМ.

Истовремено ССМ побара од судскиот совет разрешување на тројца судии од Врховниот суд поради пресудата со која се конфискува зградата на ССМ.

Вработените во министерството за финансии бараат од министерот Фатмир Бесими веднаш да го потпише колективниот договор со кој сите вработени ќе добијат повисоки плати откако Уставниот суд пред десетина дена го укина членот 66 од Законот за Буџети.

Според Синдикатот со Колективниот договор ќе се спречи да има произволно покачување на платите кај вработените како што се шпекулира во министерството.

Синдикатот на УКИМ денеска со реакција поради како што велат игнорантскиот однос на надлежните институции кон Универзитетот и непримена на Колективниот договор кој Универзитот го потпиша со Собранието. Побараа средба со техничкиот премиер Џафери за надминување на проблемот и најавија тужби протести и штрајк.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска до судскиот совет достави докази за потеклото на зградата која со одлука на Врховниот суд се конфискува и се префрла во сопственост на државата. Побараа од советот да ги разреши тројцата судии кои ја донесоа пресудата Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани.

За разлика од вработените во УКИМ, евентуални протести и штрајкови во финансии нема да има до завршувањето на изборниот процес а потоа што најавија од Синдикатот ќе се радикализираат мерките кои ќе се преземат доколку не се потпише Колективен договор.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ со првомајски протест ќе го одбележи меѓународниот ден на трудот

Дејан Дејан

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе