Вести Македонија Најважни

ССМ со првомајски протест ќе го одбележи меѓународниот ден на трудот

Сојузот на синдикатите со протест кој ќе почне пред Работничкиот дом, а ќе заврши пред Владата на денот на трудот ќе ги испорала своите барања за унапредување на работничките права во земјава.

Од новата Влада ќе побара пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз.

Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.

– Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 проценти, се наведува во Првомајскиот проглас на ССМ.

Оценка на ССМ е дека има зголемено кршење на работничките права, а новиот закон за работни односи не се носи веќе шест години, додека последнава година, како што посочуваат, воопшто не се работело на него, односно не биле одржани расправи за надминување на разликите во креирањето на законот меѓу социјалните партнери.

Оттаму нагласуваат дека кај нив има над 10.000 обраќања за прекршени работнички права, а според ССМ, преседан е и тоа што измената на Законот за работни односи со која е воведена можноста за 72 часовна работна недела е направена без социјален дијалог и учество на ССМ како репрезентативен синдикат.

Атак на синдикализмот во државата, според ССМ, е и пресудата на Врховниот суд со која после 18 години судски спор и повеќе од 8 пресуди во корист на ССМ, се одзема Работничкиот дом.

Сојузот на синдикати на Македонија  бара да се преземат напори за да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја надминат кризата предизвикана од коронавирусот.

Меѓународниот ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Дејан Дејан

Се брани со молчење – Кривичен му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Јапонски град постави “блокада“ за туристи. Не сака да ја фотографираат планината “Непристојни се”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе