Вести Македонија Најважни

Клучна недела за Алијанса за Албанците – кулминираат превирањата околу партиските одлуки

Триумфалистички и со скандирања, беше дочекан лидерот на Алијанса за Албанците, Таравари, вчера во Куманово. Претставници на партиското Собрание, но и бројни активисти со тоа демонстрираа единство пред јавноста.

Лидерот Таравари ја доби поддршката за коалиција со опозициската тројка Алтернатива, БЕСА и Демократско движење – здружени во Европскиот сојуз за промени.

Од таборот на Таравари тврдат дека нема раскол во партијата и дека партиските бранувања се резултат на инфилтрирани опоненти во редовите.

Ова следува откако поранешниот партиски претседател, Зијадин Села, остро се спротивстави на одлуката на Таравари за коалиција со опозицијата на претстојните парламентарни избори.

Села смета дека Алијанса треба оди самостојно на листите.

Нема отцепување на Алијансата, бидејќи ние сме Алијанса за Албанците. Другите се ДУИ-сти во Алијанса за Албанците. Дали тие ќе бидат заедно, дали ќе бидат на посебна листа, дали ќе формираат нова политичка партија – тоа е до нив, порача Алиу.

Официјалните информации од партискиот портпарол по вчерашниот состанок се дека 75 членови на Централното собрание на Алијанса се потпишале на Декларацијата за поддршка на одлуката на лидерот.

Од крилото на Таравари сметаат дека Централното собрание на Алијанса, партиско тело чијшто претседател е екс-лидерот Зијадин Села, однапред е осудено на пропаст.

Приврзаници на Села, контра на тоа – обвинуваат дека Таравари лажно ја билда поддршката од партиските делегати.

-Сите едногласно гласаа и потпишаа Декларација за да му дадат целосна поддршка на претседателот да ја реализира оваа коалиција со албанската опозиција. Тоа што ќе се случи во сабота може да биде само собир од евентуално 45% на оние коишто не потпишаа денеска, изјави вчера партискиот портпарол, Блерант Рамадани.

 

-Тој собир не беше легитимен врз основа на Статутот. Според нашите информации, таму имаше помалку од 40 членови на Централно собрание. Легално собрание на Алијанса за Албанците ќе биде тоа што е закажано во сабота во 13 часот во Скопје, рече координаторот на пратеничката група, Аднан Незири.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Таравари е поканет и треба да биде присутен утре, за да даде отчет пред членовите на Централното собрание.

Ова го велат од таборот на Села. Запрашани – што ако не се појави, приврзаниците на поранешниот претседател на Алијанса велат: „тоа ќе биде на негова одговорност“.

Претседателот на партијата Арбен Таравари и на вчерашниот собир ја повтори пораката дека промените започнаа и нема назад.

Неговиот противник, Зијадин Села не ја признава одлуката за коалиција со обединетата албанска опозиција.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе