Вести Македонија Топ вести

ЈО: Негувателка под истрага за запуштање и малтретирање на дете

32 годишна негувателка во детска градинка се сомничи дека во повеќе наврати вршела психичко и физичко насилство врз тригодишно дете кое било згрижено во јасли.

Осомничената која е  вработена во градинка во Скопско Радишани на детето му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, поради што жртвата претрпила силен страв и стрес, што резултирало со губење на говор и страв од одење во градинка, информираат од јавното обвинителство.

Са случајот велат отворена е истрага за сторено кривично дело Запуштање и малтретирање на дете.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка за осомничената побарал забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено vo полиција, а поради сомнеж од бегство побарано е и одземање на патната исправа.

Побарано е и на осомничената да ѝ биде изречена забрана да се појави на работното место, но и во сите други објекти кои се дел од истата детска градинка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе