Вести Свет Топ вести

Дрон погоди американска база во Ирак, САД одговорија со воздушни напади во Сирија

Соединетите Американски Држави по вторпат во последните неколку денови изведоа напади во Сирија врз објект за кој Пентагон тврди дека го користи Иранската револуционерна гарда и придружните, додека вооружен дрон ја нападна воздухопловната база Ал-Харир на северот на Ирак во која се сместени американски сили.

Во екот на зголемување на тензиите на Блискиот исток во врска со војната меѓу Израел и Хамас, американски и коалициски трупи извршија најмалку 40 напади врз цели во Ирак и во Сирија од почетокот на октомври. Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин соопшти дека во нападите во Сирија биле вклучени два американски авиона од типот Ф-15 и оти станува збор за одговор за неодамнешните напади врз американски единици.

Остин порача дека нападите врз единици на САД мора да престанат.

„Ако продолжат нападите од сили кои ги поддржува Иран врз американски војници, САД нема да размислуваат за преземање на натамошни потребни мерки за да ги заштитиме нашите луѓе“, изјави Остин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе