Вести Свет Топ вести

Десетгодишно дете загина, над 20 лица се повредени – Харков и денеска е мета на руски воздушни удари

Десетгодишно дете загина, а 20-тина лица се повредени во руските напади во Харков кои продолжија и утрово. Автомобили во пламен, поцрнети фасади, уништени згради, искршени прозорци беа сликите кои ги видоа жителите во еден од најмасовните ракетни напади врз градот на североистокот на земјата од почетокот на руската инвазија. Украинската полиција соопшти дека се регистрирани два воздушни удара во Харков и според прелиминарните податоци станува збор за руски проектили од типот Искандер. Според локалните медиуми, во моментот на нападот не се огласиле сирените за воздушна опасност.

Денешните руски напади врз Харков се продолжение на вчерашните во кои загинаа најмалку 51 лице. Проектили завршија во продавница и угостителки локал во село Гроза, во областа Харков, во момент кога во нив имаше собрано многу луѓе на комеморација за нивни сограѓанин.

Рускиот претседател, говорејќи пред Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“ во Сочи, изјави дека Западот го загубил чувството за реалност и ги минал сите граници. Тој го повтори ставот дека Русија не започна војна, туку се обидува да ја заврши. Истакна дека во случајот не станува збор за борба за територија, туку за безбедносни гаранции за Русија и руска држава.

Путин, исто така, нагласи дека никој при здрав разум не би помислил да употреби нуклеарно оружје против Русија бидејќи, како што рече, никој не би го преживеал рускиот одговор.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе