Вести Свет

Ховениер: Прашањето на одговорноста за нападот во северно Косово не завршува со Радоичиќ

Aмбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека прашањето на одговорноста за нападот врз косовската полиција во Бањска кај Звечане не завршува со изјавата на поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, дека тој го организирал нападот, јави Радио Слободна Европа.

Ховениер во денешниот разговор со новинари во амбасадата на САД рекол дека Вашингтон ќе продолжи да настојува да разбере што навистина се случи и кој е одговорен за нападот на 24 септември.

 Би рекол дека вистинската работа за нашите безбедносни служби и другите партнери е да продолжат да се обидуваат да разберат што се случило. Соединетите Држави беа јасни, одговорните за нападот мора да одговараат. Ова останува наш став. Ќе продолжиме да настојуваме да разбереме што се случи, кој е одговорен и зошто, изјави Ховениер.

На 24 септември група вооружени лица ја нападнаа косовската полиција во Бањска кај Звечане, каде беше убиен еден припадник на полицијата и ранет двајца други.

Неколку дена по нападот, во кој загинаа и тројца од напаѓачите, одговорноста ја презеде Милан Радоичиќ, чии снимки како дел од оружената група која по нападот и одговорот на косовската полиција се засолн во тамошниот православен манастир.

Ги направив сите логистички подготовки за заштита на нашиот народ од окупаторот и чинот нема врска со претходни политички активности. Никого не сум информирал ниту од властите на Република Србија, ниту од локалните политички структури од северот на Косово, се вели во писмото на Радојичиќ кое пред медиумите во Србија го прочита негов адвокат.

Откако вчера беше уапсен од полицијата на Србија, надлежен суд во Белград денеска го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди притвор на Радоичиќ , како осомничен за сторени кривични дела со други засега непознати лица, за поседување оружје и експлозивни материи и тешки дела против општата безбедност.

Судот му изрече забрана на Радоичиќ да го напушти местото на живеење, со која му се забранува да ја напушта територијата на Србија без одобрение на судот и му е забрането да оди на територијата на Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе