Вести Свет Топ вести

Русија ги гранатира Суми и Одеса и лансира рој од дронови врз Киев – Украинците тврдат „се е соборено“

Суми, Одеса, Киев беа мета на руски напади со беспилотни летала ноќеска и рано утрово. На мета во Одеса биле пристаништето и индустриската инфраструктура. Со десет дронови од повеќе правци имаше обид за воздушни удари и врз Киев. Според украинските власти, сите биле навреме пресретнати и соборени.

Руски војници синоќа и изутрината гранатираа пет населени места во регионот Суми во Украина, пренесе украинската агенција Укринформ. Извршени се седум напади, што резултираше со 49 експлозии.

„Погодени се пет населени места во четири општини: Билополе, Миколаивка, Середина-Буда, Велика Писаревка“, извести за Телеграм прес-службата на регионалната воена управа Суми. Се наведува дека непријателот ги гранатирал населбите со артилерија, минофрлачи и фрлачи на гранати.

Според податоците на регионалната управа, нема цивилни жртви, како и уништување на невоена инфраструктура по гранатирањето.

Во меѓувреме, како последица на ноќен напад со руски дрон избувнал пожар во приватна куќа во населба во регионот на Киев, а во друга, покривот на продавницата бил оштетен, објави и Укринформ, цитирајќи соопштение на Телеграм од шефот на Киевската регионална воена управа, Руслан Кравченко.

„Рускиот непријател нападна уште еднаш. Синоќа воздушното бомбардирање траеше повеќе од три часа. Окупаторите го нападнаа нашиот регион со беспилотни летала Шахед“, истакна Кравченко.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април?

Дејан Дејан

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе