Останато Спорт

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Марк Маркез ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Шпанија во Мото ГП шампионатот, додека на спринт трката триумфираше Хорхе Мартин.

Маркез дојде до својата прва пол-позиција со тимот на Гресини, а вкупно до 93-тата во кариерата. Шпанецот имаше најбрз круг во утринските квалификации на патеката во Херез со време од 1 минута, 46 секунди и 773 илјадитинки. Второ време оствари Марко Бецеки, а од првиот ред ќе тргне и Хорхе Мартин. Потоа следуваат Бред Биндер, Фабио ди Џанантонио, Алекс Маркез и шампионот Франческо Бањаја.

На спринт трката имаше многу возбудувања и многу излетувања меѓу кои беше и Марк Маркез. Во хаосот најдобро се снајде лидерот во генералниот поредок Хорхе Мартин, кој славеше пред новајлијата Педро Акоста. Фабио Квартараро беше трет, но поранешниот првак доби казна од осум секунди, па Дани Педроса беше промовиран на третото место. Маркез на крајот мораше да се задоволи со седмото место поради излетувањето, а дури деветмина не го завршија спринтот меѓу кои и шампионот Бањаја.

Во генералниот поредок сега Мартин е лидер со 92 бода, Акоста е втор со 63, додека Бастијанини е трет со 59 бодови.

Утрешната трка за Големата награда на Шпанија стартува од 14 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе