Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април?

На 8 мај се одлучува дали оваа влада ќе биде поразена и истата ќе се соочи со одговорност или ќе продолжи да краде и распродава, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција пред собранието во чиј фокус беше упадот во законодавниот дом на 27 април. 

„А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните од 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање – кој најмногу искористи со настаните на 27 април? – Кој направи влада по тие настани? – Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска? – Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 април според јавните сведоштва изнесени во јавноста? – Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?“, прашуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека „луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту, пак, амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа“.

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе