Вести Македонија Топ вести

Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“

Нов устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата се дел од десетте точки на изборната програма „План 2030“ на Коалицијата „Вреди“.

Коалицијата денеска во Тетово ја презентираше изборната програма со која се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител.

Десетте точки од „План 2030“ ги презентираа носителите на листите во изборните единици.

„Ние сме сигурни дека ја имаме најдобрата листа, имаме листа која ќе ги направи промените. Исто така, нашата програма се однесува на економскиот развој, интегрирање на државата во Европската Унија, како и на подобрување на меѓуетничките односи, подобрување на правата на албанците кои ги претставуваме. Сигурни сме дека на 8 мај оваа листа, и оваа програма ќе биде победничка и после 8 мај ќе биде дел од владината коалиција“, истакна Биљал Касами, носител на листата во ИЕ 6 и претседател на Движење Беса.

За можно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ за состав на Влада, тој рече дека се подготвени за разговор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе