Вести Свет

За една третина зголемен бројот на баратели на азил во земјите од ЕУ

Во текот на април годинава вкупно 72.630 граѓани на држави кои не се членки на ЕУ првпат поднеле барање за азил во некоја од земјите на Унијата, што претставува пораст од 34 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Статистичката агенција на ЕУ – Евростат.

Покрај овие, биле поднесени и 5.310 апликации за азил од лица чии барања за меѓународна заштита во ЕУ претходно веќе биле одбиени, што претставува намалување за пет проценти на годишно ниво.

Според податоците на Евростат, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, меѓу новите баратели на азил најбројни биле Сиријците со поднесени 9.420 апликаци, по што следат државјаните на Авганистан (7.405), Венецуела (5.785), Колумбија (4.770) и Турција (4.640). Меѓу, оние кои првпат поднеле барање за азил во ЕУ се и 895 Украинци, но и 1.720 државјани на Русија.

Дури 72 отсто од вкупниот број барања за азил се поднесени во четири земји на ЕУ и тоа Германија (20.950), Шпанија (12.910), Франција (10.260) и Италија (8.175).

Меѓу барателите на азил имало и 2.625 малолетници без придружба, од кои 895 биле од Авганистан, а 685 од Сирија.

Најголем број барања за азил од непридружувани малолетници во април 2023 година биле поднесени во Германија (1.105), а по неа следуваат Холандија (340) и Австрија (285).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе