Вести Свет

Седум месеци по блокирањето, Борел бара од Азербејџан да го отвори коридорот Лачин

Европската Унија е длабоко загрижена за сериозната хуманитарна ситуација со која се соочува локалното население во „поранешната автономна област Нагорно-Карабах“, откако движењето низ коридорот Лачин е оневозможено повеќе од седум месеци и покрај пресудите на Меѓународниот суд на правдата за негово повторно отворање, порача високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.

Азербејџанските власти имаат обврска веднаш да гарантираат безбедност и слободно движење долж коридорот Лачин и да не дозволат кризата дополнително да ескалира, порача Борел, додавајќи дека жителите на Нагорно-Карабах се соочуваат со недостиг на медицински материјали и основни животни продукти.

Според Борел, на снабдувањето со стоки на Нагорно-Карабах преку градот Агдам, кое го овозможуваат азербејџанските власти, не треба да се гледа како на алтернатива на коридорот Лачин.

Првиот човек на дипломатијата на ЕУ во писмената изјава посочува и дека блокадата влијае и врз работа на Црвениот крст во регион, апелирајќи за нејзина целосна возобнова и нагалсувајќи дека хуманитарните мисии не смее да биде политизиран од ниту еден актери.

Европската Унија, а особено претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е силно ангажиран во поддршката на процесот на нормализација на односите меѓу Ерменија и Азербејџан, како и во промовирањето на дијалогот меѓу Баку и Степанакерт/Ханкенди. Ова исто така бара вистинска посветеност на сите страни на преговорите и на иднина изградена на заеднички интереси и взаемна доверба, порача Борел.

Коридорот Лачин беше воспоставен со мировниот договор со кој заврши конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан во 2020 година, при кој азеребјџанската армија поврати конторла врз најголемиот дел од својата територија што дотогаш беше контролирана од ерменските и нагорнокарабашките сили, си исклучок на територијата автонономниот регион Нагорно-Карабах од советскиот период. Коридорот Лачин е единствената копнена врска меѓу Ерманија и Нагорно-Карабах, азербејџански регион населен со Ерменци.

Азербејџанските власти поставија контролен пункт на патот на влезот во коридорот Лачин, со цел, како што наведоа, „да се спречи нелегален транспорт на работна сила, оружје и мини од територијата на Ерменија за нелегални формации на ерменски „бандити“ на територијата на Азербејџан“.

Поставен е граничен пункт на територијата на Азербејџан, на влезот на патот Лачин-Ханкенди, соопштија во таа прилика азербејџанските власти, додавајќи дека тоа е одговор на сличната постапка на Ерменија и дека тоа „ќе послужи за транспарентност на движењето и владеењето на правото“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе