Вести Свет Топ вести

Пожар во магацин со муниција во Неа Агилаос, експлозиите се слушале до Волос

Голем пожар попладнево избувна во магацин за муниција во Неа Агилаос, јавија грчките власти. Експлозиите што притоа одекнаа, според очевидци, се слушнале до Волос. Според првичните информации, станува збор за складиште со муниција на воздухопловните силии во тек се обиди за гаснење на пожарот.

Вонредна состојба е прогласена на целиот остров Родос, каде шумските пожари беснеат веќе деветти ден и направија голема штета. Огнот и натаму гори, а гаснењето го отежнува ветрот чии удари и натаму се силни. Грчкото министерство за цивилна заштита предупреди на „екстремна опасност“ од пожари во 6 од 13 региони. Нарушен е сообраќајот на автопатиштата и во железницата.

Последните денови се евакуирани над 20.000 луѓе од Родос. Распламтување на пожарите е забележано и на островот Крф. Моментно се активни два фронта кои не се достапни на пожарникарите, пренесува агенцијата АНА. Локалните власти тврдат дека пожарот на Крф е подметнат. Огнената стихија, пак, на Евија е делумно ставена под контрола додека шумските пожари зафатија и предградие на Атина.

Според нивните информации денеска гори и во Ситонија. Изминатото деноноќие во Грција беа регистрирани уште две жртви со што вкупниот број на загинати се искачи на седум. Меѓу нив се и двајцата пилоти на Канадерот кој се урна вчера попладне на островот Евија.

Пожарот на Халкидики зафати површини под сува трева во близина на Агиос Николаос. На терен интервенираат 12 возила со 37 пожарникари, а им помагаат и две противпожарни возила од Бугарија со 10-член тим. Во гаснењето на огнот учествува и еден авион. Пожарот кој во моментов се шири во областа се приближува до едно од населените места.

Пожари горат и во Алжир, Анталија и Тунис

Гори и во Алжир каде меѓу 34-те жртви, десет се војници кои се најдоа во огнен обрач при евакуација. Тамошните власти објавија дека околу 80 отсто од пожарите во земјата се изгаснати. Во гаснењето на преостанатите жаришта се ангажирани околу 8.000 луѓе, стотина противпожарни возила и авиони и хеликоптери.

Пожар беснее и во близина на летувалиштето Кемер во Анталија, пришто шест лица се хоспитализирани поради вдишување на чад. И покрај напорите од копно и од воздух, огнот, сепак, се шири под влијание на силниот ветар и високата влажност на воздухот. Според турските власти, досега изгореле 120 хектари на шума.

Над 600 пожарникари со помош на 189 возила и авиони се ангажирани на гаснење на големиот пожар кој го зафати Паркот на природата во близина на одморалиштето Кашкаиш.

Пожари беснеја и во Тунис каде се евакуирани 300 луѓе од едно крајбрежно место. Тимот на научници од Светската агенција за проучување на времето наведе дека топлотниот бран овој месе цо јужна Европа, Северна Америка и во Кина практично ќе беше невозможен без климатските промени предизвикани од човечки фактор.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе