Вести Свет

Милијардерот Џорџ Сорос ја препушта контролата врз бизнис империјата на својот син

Милијардерот и филантропист Џорџ Сорос му ја препушти контролата врз неговата глобална империја вредна 25 милијарди долари на својот син Александар Сорос. Информацијата ја објави самиот Сорос во интервју за Вол Стрит Џурнал.

Неговото бизнис портфолио ја вклучува и фондацијата „Отворено општество“, која според својата официјална веб страница, е активна во повеќе од 120 држави ширум светот, каде инвестира онолу 1,5 милијарди долари годишно во организации кои ги заштитуваат човековите права и промовираат раст на демократијата.

Во истото интервју, 37 годишниот Александар, кој го преферира скратеното Алекс, рече дека за разлика од својот 92 годишен татко, тој е пополитички настроен, иако инсистира дека и двајцата размислуваат исто.

Алекс вели дека ќе ги прошири либералните цели својот татко вклучувајќи и други идеали како правата на глас и абортус, но и половата еднаквост. Помладиот Сорос потврди дека ќе продолжи да го користи семејното богатство за да ги поддржува американските политичари кои тежнеат кон левиот политички спектар.

Александар Сорос веќе презел голем дел од обврските на својот татко, откако во декември фондацијата „Отворено општество“ го избра за претседател на нејзиниот борд, но исто така веќе го води и Комитетот за политички активности.

Александар Сорос е постариот син од вториот брак на милијардерот со Сузан Вебер, а неговото именување како наследник го прескокнува најстариот син на Џорџ Сорос, 52 годишниот Џонатан Сорос, кој работи како адвокат и има искуство со финансии. До неодамна се веруваше дека Џонатан ќе го преземе раководењето со бизнис империјата Сорос, но после одредени недоразбирања, 92 годишниот милијардер се предомисли и за наследник го именува 15 години помладиот Александар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе