Вести Македонија Топ вести

Свидетелска каша со датуми во Тетово – завршил втора година пред прва, запишал четврта, пред да заврши трета

Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово поднесе кривична пријава против В.Ѓ. (61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„При контрола од Државниот просветен инспекторат во Регионалниот центар за стручно образование „Моша Пијаде’’ во Тетово, биле констатирани неправилности во издавањето на свидетелства за завршена прва и втора година на Ј.А. (45) од Тетово, односно издавање на свидетелството за завршена втора година е пред датумот на издавање на свидетелството за прва година“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Исто така, биле констатирани неправилности и во водењето на главна книга за запишување на вонредните ученици за 2001/2002 година, односно направени се корекции во годината на полагање на испити без потпис на директорот и печат на училиштето.

„Од увидот во главната книга за учебната 2002/2003 година било утврдено дека на Ј.А. не му било издадено свидетелство за завршена трета година, а се запишал четврта година и полагал три испита од истата година пред да ја заврши третата година“, додаваат до МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе