Вести Свет

Приведени 58 луѓе во Турција – подготвувале провокации за 1. Мај

Вкупно 58 лица се приведени во различни делови на Турција, откако е утврдено дека се вмешани во подготовка на провокации по повод Денот на трудот – 1. Мај, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на Икс.

Тие се уапсени за време на полициската акција „Боздоган-33“, спроведена во вкупно 11 турски окрузи – Истанбул, Дијарбекир, Адана, Анталија, Билеџик, Мардин, Батман, Мугла, Муш, Шанлиурфа и Ван.

Во акциите во Анталија и во Измир, уапсени се четворица осомничени, за кои е утврдено дека преку нивните профили на социјалните мрежи вршеле пропаганда во корист на левичарски терористички организации.

Нема да дозволиме да се толерира ниту еден терорист. Со континуираните напори на нашите безбедносни сили ќе продолжиме со нашата решителна борба сè додека не се неутрализира и последниот терорист во име на мирот, единството и солидарноста на нашиот народ, истакна Јерликаја.

Министерот за внатрешни работи вчера соопшти дека властите забрануваат организирање демонстрации по повод 1. Мај на централниот плоштад Таксим во Истанбул.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе