Вести Избори 2024 Македонија

Понижување на граѓаните е да се договараат коалиции пред да се одржат изборите, смета Османи

Понижувачки е партиите да договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори, изјави претседателскиот кандидат на ДУИ во првиот круг на изборите, Бујар Османи. ДУИ, го повтори Османи партискиот став, смета дека волјата на народот мора да се почитува, а разговорите за коалиции пред да се слушне волјата на граѓаните, според него, е омаловажувачки. Османи ја коментираше и изјавата на доскорешниот сопартиец Изет Меџити, кој рече дека македонските партии не сакаат да коалицираат со ДУИ.

Нашата цел не е да нѐ симпатизираат. Таа извртена логика дека албанските политички партии треба да се борат за симпатиии кај македонските партии е навредлива. Уште понавредливо е да зборуваме за коалиција на 9 дена пред избори. Фактот дека политичките партии прават калкулации, за мене е потценување на демократијата и достоинството на секој народ, рече Османи.

Додаде и дека ДУИ и коалицијата деновиве ќе одлучат кој ќе настапат во вториот круг на претседателските избори. Ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дека го омаловажуваат достоинството на Албанците.

Мицкоски успеа да врати едно сеќавање кај Албанците за 100 годишното ропство, омаловажување и починување. Да иритира нерв кој мислевме дека е длабоко сокриен. Да врати сеќавање од Југославија и Рахман Мурина. Овој обид за омаловажување на достоинството на секој Албанец го мобилизираше народот. Не само тие што ме поддржуваа, туку и гласачите на опозицијата кои не гласаа за мене. Велат веќе не е прашање помеѓу Европски фронт и Вреди, ова е битка за нашето достоинство. Времето на Мурина е завршено оддамна и закопано, рече Османи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски во посебен оддел на затворот во Шутка каде се и останатите осомничени за убиствата на Вања и Жежовски

Дејан Дејан

Благодарност од Лога до турските власти за екстрадицијата на Палчо

Дејан Дејан

Aмерика го предупреди Рајфајзен поради соработката со Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе