Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Утре на полноќ истекува рокот за пријавување на болни и изнемоштени лица

До утре на полноќ е пријавувањето на болни и немоќни лица, кои сакаат да гласаат во домашни услови на 7 мај за вториот круг на претседателски и парламентарните избори.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев денеска изјави дека за двојните избори дополнително се имаат пријавено 17 лица.

Општинските изборни комисии во земјава утревечер ќе имаат и дежурства за примање на пријавите за болни и немоќни лица, а нивните семејства можат тоа да го сторат и по електронски пат.

На 23 април за првиот круг на претседателските избори своето право на глас во домашни услови го искористија околу 7.000 болни и немоќи лица.

На 7 мај ќе гласаат и осудентите лица низ Затворите во земјава, за кои гласачките места се отвараат во 7 а се затвараат во 19 часот.

Општинските изборни комисии го чекаат и доверливиот материјал за  двојните избори на 8 мај, на кои ќе се изберат нови пратеници и претседател на државата.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе