Вести Македонија Топ вести

Морачанин во „Вин-Вин“: Во една демократија е нормално различно мислење, кај нас и самиот изборен модел ја фаворизира таа поларизација

Ние бараме воведување на една изборна единица и да биде без праг за помалите политиучки партии да имаат можност да настапат самостојно на избори и да ја профилираат својата програма, своите идеолошки вредности и тогаш точно ќе се знае која партија колкава поддршка има од гвраѓаните, вели Маја Морачанин, претседателка на ДОМ, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„На избори секогаш настапуваат широки, големи, коалиции и нема јасна претстава која политичка партија колкава  поддршка од граѓаните. А, дополнително што за нас е неповолно во овој контекст што и граѓаните кои би сакале да гласаат за одредена политичка партија која се смета за помала, мислат дека ако го дадат својот глас за таква помала политичка партија е загубен глас. И во право се, бидејќи искуството што го имаме со овие шест изборни единици е дека како политички субјект ако настапите самостојно може да освоите 30.000-40.000 гласови на ниво на цела држава и нема да добиете ниту еден мандат. И тоа точно значи дека граѓаните кои дале глас за таа опција практично остануваат непретставени во парламентот“, истакна Морачанин.

Тоа не значи, нагласи таа, дека задолжително мора да се настапува самостојно, но, како што изјави, идејата на ДОМ е токму таа.

„Во нормална демократија е нормално да се има различно мислење и став за некои работи, но кај нас, некако, тоа е таа поларизација која, на некој начин, ја фаворизира и изборниот модел. И црно-белиот свет. Или е вака или е сосема спротивно. Не може да се има некој поинаков, различен став, туку мора да се следат, нели, главните насоки позиција-опозиција. И гледаме дека тоа не е во интерес на граѓаните“, посочува лидерката на ДОМ.

Таа се осврна и на истражувањата на јавните мислења кои покажуваат дека граѓаните ги поддржуваат помалите политички партии и сметаат дека тие можат, навистина, да направат промени во општеството кои што се неопходни и поддржуваат и една изборна единица и отворени листи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе